АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Нема лекарска грешка во случајот на малата Јана Христовска. Девојчето починало од инфаркт што го предизвика пневмонија, а нејзината смрт нема причинско последична врска се примената инфузија како што се сомневаа родителите. Извештајот од обдукциониот наод на Судска медицина обвинителството го достави до мајката и таткото на малата Јана, кои соопштија детали од него
-Се знаеше дека и обдукцијата ќе биди иста како што се изјасни и ДСЗ, так и Судска медицина. Јана почина од срцев удар поради тешка пневмонија која го воспалила срцевиот мускул. Како тоа се случи во еден час кога однесовме девојчето? Пишува дека има вируси, но нема кој вирус е присутен за да дојди до толку тешка бронхопневмонија. Ја однесовме свесно и на нозе, а како мое да дојде до смрт и срцев удар после примената инфузија, се прашува мајката на Јана, Кристина Христовска.
Адвокатот на семејството денеска до Обвинителството доставил барање за вештачење на компјутерот во Битолската болница каде е евидентиран целито третман на малата Јана од приемот до нејзината смрт, затоа што има различни изјави за времето кога точно почина Јана Христовска.
-Некаде пишува дека во 13,20 почина, некаде пишува дека во 15,30 почина. Анестезиологот кажува едно, лекарите од Детското одделение кажуваат друго. Изјавите не се совпаѓат. Адвокатот испрати писмено барање до ОЈО да се вештачи компјутерот дали во тие 2 часа прикривале или менувале нешто во извештајот во компјутерот, вели Кристина, мајката на Јана
Родителите сега чекаат Битолското обвинителство да донесе одлука дали ќе има обвинение за лекарска грешка. Потоа тие ќе одлучат дали ќе бараат и странска експертиза затоа што останува нивниот сомнеж дека при лекувањето на 6 годишната Јана се направени пропусти.
Јана почина на 22 март само неколку часа откако родителите ја донесоа во Детското одделение во Битолската болница, како што тврдат со симптоми на блага настинка. Велат дека состојбата нагло и се влоши по промената инфузија и обвинија за лекарска грешка. . Основното јавно обвинителство Битола отвори предмет за овој случај и побара обдукција. Смртта на Јана предизвика голем револт и бура од реакции во јавноста, во неколку наврати беа организирани и протести на кои се бараше одговорност за прерано згаснатиот живот.