АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Улични кучиња кои се движат во глутница околу ОУ „Св. Климент Охридски“ Битола ги вознемируваат учениците и родителите, се жалат родители до нашата редакција. Кучињата кои често се и агресивни се движат околу училиштето, влегуваат и во училишниот двор, а ги има и по околните улици од каде најголем број од децата доаѓаат на настава. Поради ваквата ситуација родители велат дека се приморани секое утро да ги придружуваат своите деца до училиште полни со стравувања.
Во ОУ „Св.Климент Охридски“ Битола, учат околу 1000 ученици, па родителите сметаат дека ургентно треба да се преземе нивно заловување се додека не се случил поголем проблем.
Општина Битола во изминатиот период обезбеди соодветна локација на прифатлилиште во склоп на Средното земјоделско училиште и за постоечките објекти изработи и одобри соодветна техничка документација. Исто така е во фаза пред одобрување и изградба на настрешници во функција на тие објекти, како и во фаза на јавна набавка за реализација на проектираните градби. Воедно, избра и опреатор што согласно донесената програма врши заловување и ветеринарен третман на бездомните кучиња, а до пред три-четири месеци на тој начин беа истретирани стотина бедомни кучиња.
Сепак бројот на улични кучиња е се поголем во Битола, а и проблемот со нивната агресивност е се повидлив што бара неодложна реакција на надлежните органи.