2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Со недолични препукувања советниците од Левица и Поинаку го допреа дното, виновна испадна Апла

Април 06, 2023

Советникот од Левица Гаврил Трајковски се осмели на Фејсбук да препорачува до јавноста,  Апла да не ја сметале за релевантен фактор за информирање, откако нашиот портал ја објави кавгата што преку коментари на социјалните мрежи, на очиглед на целата јавност, ја имаа со коалициониот партнер Иван Чулакоски.

Трајковски во улога на уредник, проценува што треба да се објавува, навредите не, туку нивните иницијативи.

Тоа не е новинарство, туку популизам!

И ова не се сервирани информации, како што вели тој, туку вистина, болна вистина за нив- за нефункционалност на владеачкото мнозинство во Советот. Е токму тоа новинарски не интересира - како дојдоа дотука за две години власт, што понатаму со мнозинството, зошто се караат меѓу себе наместо да најдат заеднички јазик за решавање на проблемите и проектите кои им ги ветуваа на граѓаните. Или се власт или опозиција, не може кога ќе дојде време за да се понесе одговорност да бидат опозиција ако дотогаш биле дел од владеачкото мнозинство.

Со објавата Апла.мк сакаше да укаже на нивото на „разговор“ меѓу двајца претставници на битолчани во нашиот советнички дом? Тие и надвор од Советот остануваат советници, така народот ги препознава, па немаат право со вакви недолични говори да го рушат дигнитетот на Советот.

Апла не објавувала иницијативи и предлози, дела, одлуки, реакции од Левица?!  Не е точно.

Во продолжение објавуваме линкови кои потврдуваат дека советникот Трајковски бил застапен во нашиот медиум и со негови иницијативи и изјави. Но, воедно, сакаме да прашаме кога тој одржал прес конференција со новинари? Настапите на ФБ не се прес конференции. Во Битола долго време нема прес конференции од политички партии (ова важи за сите) сами си се снимаат и објавуваат на социјалните мрежи и тоа го нарекуваат прес. Прес без прашања!

Нека посочи Левица од Битола друг портал освен Апла каде ги има нивните активности. 

И ни еден советник нема надлежност да оценува кој медиум е релевантен, а кој не. За тоа постојат релевантни тела во новинарските здруженија. Доколку смета дека сме го навредиле како новинари или сме пласирале невистини за него тогаш таму нека се обрати или нека тужи.

Не можат медиумите да стануваат нерелевантни оти ќе му присметаат на некого со своето пишување кое пак не содржи ни лага, ни клевета. Доста е од неосновани навреди, квалификации и ова се однесува на други советници - доста од блокнување на профилите на новинарите на социјалните мрежи оти не размислуваат како нив! Толку од демократските капацитети на некои!

Апла.мк

Во продолжение линковите од објавите на Апла во кои е цитиран Трајковски.

https://www.apla.mk/denes/item/10286-poskape-avtobuskiot-prevoz-vo-bitola-besplatno-dva-dena-kje-se-vozat-samo-penzionerite

https://apla.mk/bt-pres/item/10177-deponiite-na-krkardash-se-chistat-po-inicijativa-na-levica-reche-sovetnikot-gavril-trajkovski

https://apla.mk/denes/item/11069-video-levica-koga-kje-porasne-saka-d-abide-poinaku-reche-ilievska-trajkovski-mu-odgvori-levica-e-ideoloshki-izgradena-aprtija-a-ne-zdruzhenie-na-gragjani

https://www.apla.mk/direktno/item/9961-dali-pukna-tikvata-pomegju-levica-i-koalicijata-na-poinaku-so-vmro-dpmne-za-komisijata-za-turizam   

линк и од текстот за ФБ преписката на двајцата советници објавен на Апла.мк 

https://www.apla.mk/direktno/item/12584-more-shushme-edno-vaka-chulakoski-go-narekuva-sovetnikot-na-levica-trajkovski-oti-gi-kritikuva-poinaku-na-fejsbuk 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани