2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Поскапе автобускиот превоз во Битола, бесплатно два дена ќе се возат само пензионерите

Март 31, 2022

По таксито, се поскапи и цената на градскиот автобуски превоз во Битола. Со одлуката што вчера на седница на Совет ја донесе советничкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ, градските линии поскапуваат за 50 отсто, односно од 20 на 30 денари, а месечната карта од 800 на 1200 денари. За околните села билетот поскапува 15 денари, така за најоддалечените како Лопатица и Маловишта, наместо 90 денари, патниците сега ќе плаќаат 105 денари.

Цел ден се издолжи носењето на одлуката за поскапување на градскиот превоз. Точката беше ставена на дневен ред и советниците од локалното мнозинство дадоа изјави за медиумите дека ако не се промени тарифникот превозниците нема да ги возат автобусите, па ќе биде загрозен и школскиот превоз. По ова беше најавена пауза од половина час  која се издолжи во три часа. Потоа советникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Бојкоски  рече дека предлог одлуката се надополува новата тарифа да важи до крајот на месецот во кој ќе биде донесена одлука од страна на Регулаторната комисија највисоката малопродажна цена за еуро дизел гориво да биде 60 денари литар или помалку.

„ Целта е доколку цената на дизел горивото се намали да можат да важат старите цени. Ја повикувам Влдата и други надлежни инстутуции кои влијааат врз утврдувањето на цената да се откажарт од акцизите во интерес на граѓаните “, рече Бојковски.

Валентин Груевски од ЛДП реплицираше дека одлуката на Советот автоматски не може да се укине, туку треба да се донеси нова одлука. „Во десет седници над 100 грешки се направен“, рече тој.

Советниците од опозицијата беа против покачувањето и побараа превозот да го субвенционира Општината.

„Предлагаме Општина Битола во следните шест месеци да го субвенционира јавниот превоз со 10 денари на секој издаден билет. Така, би помогнале на граѓаните да не им биде поскапен превозот, а и на превозниците. Во изминатите шест месеци во Општината се вработни 12 нови лица, беспотребни партиски вработувања на ВМРО-ДПМНЕ, наместо тоа можеше да се одреди сума од буџетот и да се субвенционира превозот“, рече Методија Илиевска, координатор на советничката група на СДСМ.

За пензионерите се изгласа беплатно возење во вторник и петок, а од Левица рекоа дека ова е популчистичка мерка.

„Чудно е како баш оваа категорија е таргетирана, сметам дека има поприоритетни како социјално загрозени лица да добијат два бесплатни дена, студентите и средношколците еден ден. Мерката за бесплатен јавен превоз за пензионерите е популистичка и добро познатото додворување на оваа категорија е класично подмитување на пензионерите и подготовка за претседателските избори следната година“, рече Гаврил Трајковски од Левица.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани