Ноќеска од запад ќе се прошират повремено поинтензивни врнежи од дожд (над 10 л/м2), а утре во текот на денот на повеќе места ќе дува засилен јужен ветер (над 60 км/час).
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Особено нестабилно ќе биде во петок кога ќе има појава на локално невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за ретка појава на ситен град. Од недела ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд.
Извпр: УХМР