2win800x200

СДСМ Битола-По таксито, ДПМНЕ и Поинаку го поскапија и автобускиот превоз

Март 31, 2022

 

По таксито, ДПМНЕ И Поинаку го поскапија и автобускиот превоз во Битола, рече денеска Методија Илиевски  советник на СДСМ во Советот на Општина Битола. 

 

Во продолжение интегрален текст од изјава на Методија Илиевски, координатор на советничка група на СДСМ и коалиција во Советот на Општина Битола

Картата за автобус поскапи. За до пазар, до гробишта, до училиште, до кај роднините или пријателите, ќе плаќате 30 наместо 20 денари. Жителите на Кравари, Крклино наместо 35 ќе плаќаат 50 денари, а од  Бистрица, Логоварди, Кукуречани ќе плаќаат 60 наместо 45 денари. Учениците, пак, и оние што имаат месечна карта за возење со автобус наместо 800 отсега ќе плаќаат 1.200 денари.

Вака одлучи коалицијата ДПМНЕ – Поинаку во Советот на Општина Битола.

СДСМ преку своите советници понуди решение кое ќе биде во корист и на превозниците и на граѓаните. Свесни дека горивата секаде во светот се поскапија, па и кај нас, превозниците мора да вадат леб, да ранат семејства и да плаќаат вработени. Во пресрет мораше да излези општината и да субвенционира 10 денари од секој билет за поскапувањето да не биде на товар на граѓаните. ДПМНЕ и Поинаку нашиот предлог не го прифатија. А, пари во буџетот има. Ама, се трошат на партиски вработувања, тендери за нови коли во општината, мебел и луксузи на Коњановски и Илиевска. 2 милиони евра се потрошени само во првите три месеци, а битолчани ништо не видоа.

За 5 месеци ДПМНЕ и Поинаку го зголемија автобускиот превоз во Битола !

Го поскапија такси превозот !

Ветуваа промени, донесоа поскапувања !

Се што ветија излажаа !

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани