2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Утре инспекциски надзор за да се утврди како починало новороденчето во битолската болница

Април 10, 2023

 

 
Утре пристигнуваат инспектори од Државниот здравствен и санитарен инспекторат за да утврдат како и зошто  вчера починало новороденчето во Клиничката болница во Битола, најави министерот за здравство Фатмир Меџети кој по веста за смртта на бебето ја посети болницата. Бебето починало по породувањето на Одделението за Гинекологија во болницата. 
 

,,Дојдовме да видиме од блиску како се случило. Утре од Државен здравствен и санитарен инспекторат ќе пратиме комисија од инспектори и ќе утврдат што била причината. Според првичниот извештај било живо родено  со брадикардија. Имало белодробно срцево оживување  и понатаму се ќе кажеме кога ќе имаме дефинитивно и резултати од институциите одговорни за здравство " , рече министерот. ,

 
Тој во болницата разговараше и со 24 годишната родилка на која и' почина бебето по породувањето. 
 

,,Длабоко сочувство за младата родилка и изгубеното бебе. Ако има пропуст ќе има и одговорност. Службите ќе откријат и ќе излеземе со конечен извештај", рече министерот
 
За 5 годишнатаЈана Христовска која почина минатиот месец на Педијатриското одделение во Болницата рече дека  чекаат детален извештај од обдукцијата. 
 
Запрашан кога во болницата ќе имавработувања зашто недостигаат околу сто лекари, министерот рече дека ова е проблем низ целото здравство во државата. 
,,Ова не може да се реши преку ноќ туку полека мора да настојуваме да имаме подобри резултати во иднина и да не ни се случуваат вакви немили натани", рече Меџети. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани