АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Оваа година генерален спонзор на најпознатиот офф роад настан во регионот, „Macedonian 4x4 Trophy“, е СН Осигурителен Брокер АД Битола, општествено одговорна компанија и лидер во секторот на осигурувањето.
Обезбедувајќи поддршка преку генерално спонзорство, од СН Групацијата, во чиј состав се и СН Сообраќајниот центар во Битола и СН Мото Центарот во Скопје, се уверени дека викендов „Macedonian 4x4 Trophy“ ќе донесе уште едно возбудливо издание на теренот, во прекрасните крушевски предели.
На сите учесници, како и на организаторите, од СН Групацијата им посакуваат многу успех, а на посетителите незаборавно искуство кое ќе ги промовира македонските тркачки таленти, како и Крушево како уникатна дестинација за адреналински спортови.
Низ следните фотографии погледнете каква е атмосферата во Крушево.