АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од печат илезе новиот број на средношколскиот весник „Нова Веда“ по повод патрониот празник на Гимназијата „Јосип броз Тито“ во Битола. Весниот е возобновен минатата година, а велечи корени од поранешни генерации кои ги подготвиле и испечатиле првите броеви.
Првиот борој на „Нова Веда“ лани излезе многу спонатно, подготвен од група ученици на Гимназијата од прва и втора година под менторство на професорот по македонаки јазик Никола Трајковски. За новиот број екипата се зголеми, а интересот да се биде дел од „Нова Веда“ стана многу поголем и сега редакцијата брои 40 членови. Секој од нив дава свој придонес во создавањето на текстовите.
„За новиот број влеговме многу поодрганизирани, се групиравме во рубрики и така секој според своите интересиси го најде своето место. Нова Веда е средношколски слободен простор, весник во којшто средношколците ќе можат да ги искажат своите мисли, гласно да проговорат за проблемите со кои секојдневно се соочуваат, да предложат соодветни решенија за истите, силно да се насмеат после големите бури низ кои поминале. Да се пофалат за своите успеси, да критикуваат за општествените неправди, но и да се изложат себеси на критика за сопствените грешки“, рече професорот Трајковски.
Гимназијата „Јосип Броз-Тито“ од Битола им пркоси на лошите трендови во медиумскиот простор во земјава. Додека згаснуваат весниците и замолкнуваат сѐ повеќе радиостаници, средношколците се зафатија со прометејска задача да издаваат средношколски весник и да создадат младинско радио.
Промоцијата на весникот се одржа во барот „Камарите“ во присуство на ученици, професори, родители и други битолчани.