АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По името на ракометната легенда Боро Чурлевски, кој прерано почина, е преименувана Спортската сала ,,Младост" во Битола. Владеачкото мнозинство во Советот преку Комисијата за спорт како точка на дневен ред ја предложи иницијативата Спортската сала да добие ново име според битолски ракометар познат во бившите југословенски простори и Европа. Иницијативата предложена од Методија Илиевски, координатор на советничката група од СДСМ, едногласно беше изгласана од власта и опозицијата.
Боро Чурчевски беше еден од најквалитетните ракометари кои ги дала Битола. Играше во дресот на РК ,,Пелистер" кога тој се бореше во првата ракометна ју лига. Беше омилен кај битолската публика, играше среден бег и остави белег со својата брзина и снаодливост на терен. Почина 2014 година на 49 години. Неговите чекори ги продолжува еден од неговите синови, кој игра ракомет во РК ,,Работник Еурофарм".