2win800x200

Момчето од Битола починало од тежок инфект и внатрешно крварење на органите, покажа обдукцијата

Септември 28, 2023

Причината за смртта кај 24 годишното момче Симеон. Т од битолското село Цапари кое вчера почина во Битолската болница е  Десеминирана  интраваскуларна коагулација (ДИК). Обдукцијата покажа дека нема лекарска грешка.

Од Битолската клиничка болница за „Независен“ потврдуваат дека обдукцијата завршила, ден по смртта,  и дека наодот покажал дека смртта кај момчето настапила заради тежок инфект и внатрешно крварење на органите.

„Наодот од обдукцијата покажа дека причината за смртта кај младиот пациент е ДИК или Дисеминирана интраваскуларна коагулација. Тоа е брзо трошење на факторите на згрутчување на крвта и доведува до неконтролирано крварење на многу органи и системи во организмот, а резултира со прогресивно стварање на тромбози и микротромбози кај сите органи. Сето ова е предизвикано од тежок инфект кај детето. Обдукцијата покажа дека нема лекарска грешка. “, потврди д-р Елизабета Ивановска директор на Битолската  болница за „Независен“.

Смртта на момчето настапила вчера доцна попладнето по 18 часот откако од утрото било примено на болница со многу висока температура и трески.  На почеток било згрижено на одделот за Интензивна нега, и биле консултирани конзилијарно и лекари од други одделенија, но од час во час состојбата се влошувала, па по речиси десет часа од хоспитализацијата и борба на лекари за младиот живот, тоа починало.  

А.Блажевска 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани