АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Предлог програмата за работа , Предлог финансискиот план и Предлог програмата на Надзорниот одбор на Здружението на пензионери Битола за 2024 година беа предмет на расправа пред членовите на Собранието, претседателите на пезнионерските ограноци и претседателите на комисиите.на седницата одржана на 18.12.2023 година
Седницата ја отвори и водеше заменичката на претседателот на Собранието Вера Горшевска.
Претседателката на Извршниот одбор Даница Петличкова образложувајќи ја Програмата пред присустните истакна дека наредната година Здружението ќе продолжи со грижата за остварување на правата на пензионерите од пензиското, инвалидското, социјалното и здравственото одигурување.
„Финансиски ке се подржуваат пензионерите заболени и лекувани од потешки заболувања. Во следната 2024 година ќе се продолжи со давање хуманитарна помош и донации, на пензионери со ниски пензии изнемоштени самци и други лица. Ке се посредува при набавка на дрва и прехрамбени продукти со плаќање на повеке рати“, напомена Петличкова.
Таа додаде деак Здружението ќе продолжи ќе ги продолжи договорите со двете битолски лабаратории за бесплатна лабораториска анализа на шеќер во крвата, триглицериди, холестерол и бесплатно мерење на крвен пристисок со што уште еднаш ќе потврди дека води грижа за секој пезнионер.
„За 2024 год се планира да продолжи организирање на пролетните и еесенските еднодневни екскурзии.Пензионерите ке учествуваат на регионалните и републичките спортски натпревари за 2024 год., како и на регионалните и републичките ревии на песни и игри ,одганизирни од СЗПМ“, нагласи Петличкова.
Здружението на пензионери ќе се продолжи да бара до Општина Битола отстапување простор во месните заедници за клубови на пензионерите во повеќе месни ограноци.
„Во 2024 година во фокус ќе биде и доследната примена на Законот за заштита од дискримнација што подразбира исклучување, разликување и ограничување, вознемирување на одредена целна група, за што наша заложба е да не бидат тоа пензионерите“, рече Петличкова.
ЗП – Битола ќе се залага за заштита на човековата околина,волонтерски ќе се вклучи во активностите унапредување на животната средина во соработка со надлежни органи, со подготвување на промотивен матерјал за подигање на свеста за зачувување на здрава околина,пошумување и други активности важни за пензионерите.
Во соработка со МВР ќе се одржуваат едукативни работилници со пензионерите за спречување, односно намалување на бројот на кривични дела од областа на имотните деликти, злоупотреби, измами со банкарски сметки, подигнување на пари од банкомати и сл.
Комисиите , секцијата на жени , формирани во ова Здружение ќе се ангажираат секоја во својата област на дејствување да реализираат програма според статутарните и програмски активности на Здружението.
„Програмата преставува основа за подготвување на Финансискиот план за 2024 год. За реализација на програмата надлежните органи и тела ќе поднесуваат периодичен и годишен извештај“, истакна Петличкова .
На крајот на сите членови Здруженеито на пензионери од Битола , Новаци и Могила им посака добро здравје, среќа и подобар животен стандард во 2024 година.