Со почетокот на Новата година, Општина Битола, продолжува со посветена работа преку дореализација на започнатите проекти и подготовка за отпочнување на новите проекти кои произлегуваат од приоритетите на граѓаните, согласно усвоените Програми и средствата планирани во општинскиот Буџет.
Планираните активности, вклучуваат:

Реконструкција на коловоз на улица „8-ми Септември“ (влез од страна на Скопје)

Изградба на коловоз и инфраструктура на улица кај Дулие (ЛИДЛ и БЛИС)

Изградба на три нови паркинг простори зад „Декорпод“, на улица „Романија“ и „Ат Пазар“

Изградба на нови спортски игралишта во Брусничка населба и ОУ Елпида Караманди

Реконструкција на коловоз на улица „Булевар 1-ви Мај“ (од Црн Мост до улица Столарска)

Проектирање и реконструкција на патна инфраструктура во урбаниот и руралниот дел на општината

Ставање во функција на електронска наплата на данок на имот и интегриран ГИС систем и систем за електронски постапки.
Покрај наведеното, продолжува поддршката на спортот, културните настани, социјалната заштита, животната средина и многу други проекти, чија реализација ќе ги промени и подобри условите во општината.