2win800x200

Бугарските здруженија со донации ја омекнуваат битолската јавност

Јануари 30, 2024

БИТОЛА – Бугарските здруженија се растрчаа со донации низ Битола, откако ги собраа негативните „поени“ од битолската јавност со отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ и политичките провокации.

погаца конзул
фото Фб Здружение за „Македонско–бугарско пријателство“
 

Последните поголеми вложувања се во Државниот ученички дом „Мирка Гинова“ во Битола каде опремија цела фитнес сала. Бугарите сега се промовираат преку здруженија кои промовираат „пријателство“.

Ученичкиот дом „Мирка Гинова“ има околу 300 штитеници од сите краишта на државата кои учат во битолските средни училишта и е под капата на Министерството за образование.

Домот отстапил цела една просторија за проектот на бугарското здружение за „Македонско–бугарско пријателство“, а пред вратата од просторијата поставиле табла да ги потсетува учениците дека фитнес салата е опремена со поддршка на Бугарија. 

Средношколци од домот облечени во народни носии, го пречекаа бугарскиот генерален конзул во Битола, Николај Димитров, со погача и сол. Други учествуваат во музичката приредба подготвена за бугарските донатори. Дали раководството на Домот имало дозвола од родителите на средношколците да бидат дел од ваква „иконографија“ е отворено прашање?

Донацијата се промовирала пред Нова година за што сведочи и Фејсбук објавата на Здружението за „Македонско-бугарско пријателство“ од Битола.

„Проектот е  по програмата ОПР финансиран од Министерството за надворешни работи на Бугарија. Со проектот ‘Здраво тело, здрав дух, здрав живот’ се опреми фитнес сала во државниот ученички дом ‘Мирка Гинова’. Целта на проектот е да инвестираме во правилниот раст и развој за одржување на здравјето на сите 300 ученици кои што престојуваат во интернатот, како што и да ги дистанцираме од пороците на 21. Век“, велат од здружението во објавата и додаваат дека „Здружението за ‘Македонско-бугарско пријателство’ преку програмата ОПР на Министерството за надворешни работи на Бугарија веќе четврта година по ред реализира трајни и одржливи проекти наменети за младите во град Битола“.

408816814 405754168441316 4542119733360553118 n

фото Фб Здружение за „Македонско–бугарско пријателство“

За донацијата се пофалија и од ученичкиот дом во Битола каде директор е Елена Спасеновска, кадар на СДСМ и висок партиски функционер. На Фејсбук напишаа „Вложуваме во здрав живот и правилен развој на нашите ученици“. Од домот пишуваат дека донацијата е во „соработка“ со  бугарското здружение и со поддршка на генералниот конзулат на Бугарија во Битола и дека „фитнес центарот е опремен со најсовремени фитнес справи и реквизити, кој е од големо значење за учениците кои престојуваат во домот.“

Но, во ни една од двете објави не пишува колку „тежи“ донацијата и што се содржи таа? Дали за примањето на донацијата Домот ги запазил сите важечки закони за донации и спонзорства во државата, особено што се работи за ученички  дом или тоа го сторил на диво? Дали има одлука за отстапување на просторијата во домот за фитнес салата? „Независен“ телефонски контактираше со претседателот на УО на средношколскиот дом Тони Целевски, кој рече дека Управниот одбор не дал согласност за примање на донацијата.

„Директорката си бара од секаде донации и ги прима, не треба одлука од УО. Знам дека од Турција донесоа кујна. Таа си бара донација од секаде, кој ќе даде е добредојден. Нас не нѐ интересира ако на Домот му дадат донации.  Сега донираа точаци, да не ги земи?“, ни рече Целевски.

„Независен“ испрати прашања до средношколскиот дом преку слободен пристап на информации од јавен карактер врз основа на кои одлуки и прописи  Ученичкиот дом ја примил оваа донација, и очекува одговори во следните денови?

А.Блажевска Извор https://nezavisen.mk/

foto fb ucenicki dom 1

фото Фб Здружение за „Македонско–бугарско пријателство“

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани