Сашо Мирчески е нов началник на СВР Битола

Февруари 08, 2024

Од денеска СВР Битола има нов началник, Сашо Мирчески, кој речиси 25 години е дел од битолската полиција. Мирчески е избор на министер за внатрешни работи во техничката влада Панче Тошковски, и доаѓа на местото на Бенито Јошевски, кој сега ќе ја извршува функцијата заменик началник на СВР Битола. 

Сашо Мирчески има 49 години, роден е и живее во Битола, каде завршил основно и средно образование, а дипломирал “криминалистика“ на Факултетот за Безбедност во Скопје. Во МВР  работел на работните места: полицаец, советник за полициска обука, главен инспектор за сообраќај во СВР Битола, бил припадник на “посебна единица“ на полиција, каде напредувал од полицаец до командир на чета. Последните пет години работел и како главен инспектор во Одделот за криминалистичко – разузнавачка анализа.

 

Објавено од А.Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани