АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вчера во Битола беше одбележан Светскиот ден на грчкиот јазик со тема „Грчкиот јазик надвор од границите на Грција: неговиот придонес и перспективи“. Организатори беа генералниот конзулат на Грција во Битола и здружението за пријателство и соработка со Грција Пелагонија,
Професорката по применета лингвистика на Универзитетот на Западна Македонија, Елени Грива беше главен говорник на настанот. Воведно излагање имаше раководителот на настава и сертифицирање на познавањето на грчкиот јазик на здружението Пелагонија, Кристијан Велјанов.
На настанот беше прикажана видео порака од заменик министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Коцирас, и видео поздрав од генералниот секретар за грчката дијаспора и јавна дипломатија при грчкото Министерство за надворешни работи, Јанис Хрисулакис. Амбасадорката на Грција во Македонија, Софиа Филипиду, го поздрави настанот преку интернет конекција. Настанот го поздравија исто така генералниот конзул на Грција во Битола, Александрос Видурис, и Ппретседателот на здружението Пелагонија, Евгениј Ристевски.
На крајот од настанот следеше церемонија за доделување сертификати за познавање на грчкиот јазик за 2023 година, како и почесни плакети на професорката Елени Грива и Кристина Петалоти, раководителка на Катедрата за меѓународни односи и односи со јавност на Универзитетот на Западна Македонија за нивниот придонес во ширењето на наставата по грчкиот јазик.
Објавено од А.Б