АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
СДСМ в сабота на конгрес ќе одлучува за кандидатите за пратеници и носителите на листи.
„Правиме анкети и гледаме граѓаните за кого ќе дадат најмногу поддршка во изборната единица и согласно анкетите ќе ги носиме кадровските одлуки викендов на конгрес. Понудата што ја даде ВМРО-ДПМНЕ е истата од 2020 година, екипа која беше поразена и која е трет ешалон од времето на Никола Груевски“, вели потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев.
Во однос на тоа кои личности ќе бидат на листите и зошто досега не се објавени, Богоев рече дека тие ќе се знаат десетина дена пред да биде крајниот рок за поднесување на листите и ќе има време и за овие кандидати да се дискутира.
Од ОО на СДСМ Битола, се поизвесно е дека трката за пратеник ќе се препушти на актуелни функционери во битолскиот Совет и во Владата. Она што ја интересира битолската јавноста е дали носител на листата во Петката ќе биде генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ? Доколку Зечевиќ застане на челната позиција на ИЕ5 според наши извори ВМРО-ДПМНЕ ќе ја даде целосната доверба листата во Петката да ја предводи генералниот секретар Ѓоргија Сајкоски.
Според потврдени извори од Левица, носител во ИЕ5 ќе биде и генералниот секретар на партијата Јована Мојсоска која доаѓа од Струга.
А.Блажевска