2win800x200

Вистината за велопатеките во Битола? Димитровски со аргументи контра тврдењата на Стојчевска

Март 20, 2024

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во интервју за Тера телевизија изјави дека и таа сакал велопатеки во Битола, но одлуката требало да ја донесе Советот за европскиот проект, а тој чекор бил прескокнат.

На ваквата нејзина предизборна реторика реагираше секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски коментирајќи дека СДСМ и новото мнозинство во Советот цела година ја кочат изградба на велосипедски патеки во Битола, а најново и почетокот на реконструкцијата на "Парк".

 

-Ниту советниците се против министерката Костадиновска-Стојчевска, или има превласт во СДСМ, ниту се против „Смарт4ју2“ и јас сакам велосипедски патеки. Тие сакаат велосипедски патеки. Оние прозивки сите се сликавте - да, сите се сликавме, и сите сакаме, но тоа да биде направено на начин на кој што, ниту еден советник, ниту еден вработен во општината, ниту градоначалникот, ниту некој друг од градската управа нема да биде изнесен пред суд затоа што прескокнал еден чекор. Според мене, мислам дека евроамбасадорот Гир кога ја виде целата ситуација даде многу добар предлог да се поништи анекс на договорот, да се праша Советот  и мислам дека  тоа ќе беше многу по чесно. Таму на Совет каде што треба да ги носат одлуките да се каже - згрешивме ајде сега да ја поправиме одлуката. Градоначалникот немаше потреба да се плаши од било какви реперкусии, затоа што ќе направеше едно добро дело.  Ние многу често кога разговараме со него велиме дека Битола ни е пред се’, рече министерката Костадинова-Стојчевска во телевизиското интервју.    

 

Вистината за „Смарт4ју2“, велосипедските патеки во Битола и реконструкцијата на „Парк" е една, пишува Борче Димитровски, секретар на Општина Битола на својот ФБ профил.

-СДСМ и новото мнозинство во Советот 1 (една) година кочи изградба на велосипедски патеки во Битола, а од пред некој месец ја стопира можноста за почеток на реконструкцијата на објектот на поранешниот ресторан "Парк"!

 Прво аргумент беше дека проектот не бил добар и бил за тротоари, а не за велопатеки.

 После дека ќе сме го оставиле објектот на поранешниот ресторан ‘Парк’ руина.

Откако Министерство за култура одобри средства за ‘Парк’, па се даде предлог да се прават и двете активности, проблем била постапката по неоснованата политички инструирана кривична пријава

На крајот и европските пари биле "матни" па не требало да се искористат за изградба на велосипедски патеки во Битола, коментира Димитровска на изјавата на Костадиновска – Стојчевска. И накрај потенцира -„Сепак многу поедноставно ќе беше да кажеа дека се против изградба на велосипедски патеки и против реконструкција на објектот ‘Парк’ бидејќи нивното упорно противење го потврдува тоа!“, вели Димитровски.

 

А.Блажевска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани