Работа наместо омраза и злоба...некои луѓе да работеа колку што мразат Битола ќе беше уште поубаво место за живеење! Некој ќе рече дека сме аплицирале за ограда, но вистината е некогаш бавна...На кого се однесува Фејсбук статус на Борче Димитровски, секретар на Општина Битола по денешната објава дека Општина аплицира со 16 проекти за владина поддршка.
Работа наместо омраза и злоба...некои луѓе да работеа колку што мразат Битола ќе беше уште поубаво место за живеење!
Денес Општина Битола аплицираше на повикот објавен од Владата преку Министерството за локална самоуправа со нови 16 инфраструктурни проекти во вредност од над 4 милиони евра, кои опфаќаат:
Изградба и реконструкција на улици во должина од над 10 километри на територијата на цела општина;
Изградба и реконструкција на атмосферска и фекална канализациона мрежа во должина од речиси 2,5 километри, како и водоводна мрежа во должина од околу 6 километри;
Изградба на Центар за спорт и рекреативни активности (поранешната боксерска сала во кругот на градскиот стадион во Битола)
Санација на јужната трибина и поставување на ограда околу фудбалскиот стадион „Петар Милошевски“ со кој зафат ќе се комплетира уште една целина на овој значаен спортски објект во нашиот град;
Општина Битола во моментот работи на изградба и реконструкција на значајни капитални објекти во нашиот како и на изготвување на нова проектна документација:
Изградба на нова современа противпожарна зграда која ќе ја замени најстарата пожарна на Балканот, која сеуште ја користи противпожарната единица во Битола
Изградба и адаптација на 3 нови Детски градинки во Битола од кои градинката во поранешната касарна се гради со сопствени средства и дел донација на фабриката Кромберг и Шуберт, адаптацијата на поранешниот Дом за доенчиња и мали деца заедно со Министерството за труд и новата градинка во Нова Битола со средства на Министерството за труд
Изградба на нов влез во градот од страната на Скопје/Прилеп - зафат кој долги години беше само во планирање, а сега се спроведува на дело
Во тек се постапките за реконструкција. на спортската сала во с. Бистрица и реконструкцијата на објектот на поранешниот ресторан Парк
Наскоро ќе започне изградбата на велосипедски патеки во должина од над 5 километри на улиците Партизанска и булеварот Васко Карангелевски
Во тек е припремата на проектната програма за изработка на основен проект за изградба на мултифункционален спортски комплекс во Нова Битола, за што паралелно се води постапка и за нов Дуп за тој дел од градот
Работиме на проектна документација за реконструкција на 10 училишни и маалски спортски игралишта во градот и руралните средини
Во тек се активности на над 10 други локации со цел подобрување на канализационата, водоводната мрежа како и патната инфраструктура...
Некој ќе рече дека сме аплицирале за ограда, но вистината е некогаш бавна, но доаѓа на време прво скокни, па кажи оп би рекле постарите.