Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, по денешната седница на Советот на Општина Битола упати сериозни обвинувања кон советниците на СДСМ за, како што вели, нивното противење на проекти за развој на Битола. СДСМ во Советот на Општина Битола (2021 - 2025):
- ПРОТИВ реконструкцијата на планинарскиот дом Копанки
- ПРОТИВ изградбата на велосипедски патеки на булеварите "Партизанска" и "Васко Карангелевски" во должина од 5 километри
- ПРОТИВ изградбата на парк во Нова Битола
- ПРОТИВ грант од Европската инвестициона банка во висина од 1 милион евра за изградба и реконструкција на водоводна и канализациона мрежа во градот и населените места во Општина Битола
- ПРОТИВ изградбата на мултифункционален спортски комплекс
На следната седница на Советот, со оглед на трендот големи се изгледите да бидат ПРОТИВ:
- училишните спортски игралишта во основните училишта во Битола
- трите училишни спортски сали во ОУ "Стив Наумов", ОУ "Тодор Ангелевски", ОУ"Даме Груев", Д. Оризари
- Адаптацијата на објект во училиште во населбата Буковски Ливади
- изградба на 5 нови паркинзи
- изградба и реконструкција на улици, водоводна и канализациона мрежа во Битола и населените места дел од нашата Општина
*За волја на вистината и претходните 4 години, периодот од 2017 до 2021 глдина и кога сакаа да гласаат ЗА, немаше за што да гласаат, оти освен реконструкцијата на Офицерски и продолжението на изградбата на стадионот НИШТО не направија како локална власт во Битола!
Граѓаните знаат и ќе направат разлика помеѓу ДЕЛА и празни зборови