2win800x200

Коњановски обвинува - советниците од СДСМ и од независната листа Поинаку се против изградба на спортски комплекс во Битола 

Јуни 04, 2025

Битолскиот градоначланик Тони Коњановски денеска излезе со обвинувања дека советниците од СДСМ и од независната листа Поинаку се против изградба на спортски комплекс во Битола 

 

Според градоначланикот,  на денешната седница на Совет на Општина Битола, од како што вели, за него „неразбирливи причини, меѓутоа исклучително политички во контекст на претстојните локални избори од страна на Социјалдемократскиот сојуз е повлечена точката за усвојување на нацрт Деталниот урбанистички план за блокот Запад 08.01, со што се предвидуваше изградба на нов спортски комплекс во Нова Битола.“

-Тоа не е само спортски комплекс, и не е само за љубителите на спортот, тоа е нов реонски центар, кој предвидува повеќе содржини. Во планирањето особено е важен јавниот интерес кој го зачувуваме и предвидени се градежни парцели за мултифункционален спортски комплекс во границите на працелата, основно училиште, старски дом, детска градинка, објекти за колективно домување и огромна површина на парково зеленило.

 Да напоменам дека сообраќајниот концепт кој треба да го оквири овој западен блок, предвидува нови сообраќајници, улицата Димитар Илиевски Муратот продолжува, а во другата насока спојување со нова сообраќајница која ја поврзува улицата Партизанска со улица Довлеџик. Се работи за површина од над 15 хектари кој се сега посадени односно ниви, наведе Коњановски.

Според него сето ова е усогласено со Генералниот урбанистички план, меѓутоа и проекциите за иден развој со Детален и Генерален урбанистички план, со што повторно се предвидува нов реонски центар во Нова Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани