СДСМ: Коњановски како градоначалник потроши над 10 милиони денари по ресторани и хотели

Февруари 07, 2024

Интегрален текст од соопштение на СДСМ Битола

 

Од денот кога стана градоначалник до денес, Тони Коњановски има потрошено над 10.000.000 денари за јадење и пиење по битолските ресторани и хотели.

 
За ручеци и вечери на сметка на општината, Коњановски склучил 4 договори за хотелски и угостителски услуги.
 
- 2.900.000 денари, договор склучен на 22.03.2022 година,
 
- 2.800.000 денари, договор склучен на 28.04.2022 година,
 
- 3.000.000 денари, договор склучен на 08.06.2022 година,
 
- 1.600.000 денари, договор склучен на 26.07.2023 година.
 
Вкупно 10.300.000 денари (по)троши Коњановски за јадење и пиење по ресторани и хотели! Или дневно, Коњановски има по 12.530 денари за ручеци и вечери! 
 
Ова е чесното и домаќинско работење на Коњановски и кадрите на Мицкоски и ДПМНЕ?
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани