2win800x200

Методија Илиевски е вториот кандидат за пратеник од Битола во „Петката“ покрај Бисера Костадиновска

Март 23, 2024

Методија Илиевски е вториот кандидат за пратеник од Битола на листата на СДСМ и коалицијата за Петтата изборна единица. Илиевски е на седмото место на листата која ја предводи актуелниот собраниски спикер Јован Митрески, а коносител ќе биде потпретседателката на СДСМ и министер за култура, битолчанката  Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Илиевски е во Социјалдемократскиот сојуз уште како младинец, во три мандати советник во битолскиот Совет, а во досегашната политичка кариера се наметна во јавноста како конструктивен критичар на власта, без оглед дали неговата партија била на власт или во опозиција. 

 

 

Објавено од А.Б 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани