2win800x200

Нови работни активности на Општина Битола и јавните претпријатија

Април 15, 2024

Поволните временски услови изминатиот викенд, овозможија непречено спроведување на работни активности на јавните претпријатија на повеќе локации.

Јавното претпријатие Комуналец восоработкасоОпштинаБитола,започнасопоставувањенарефлекторинафасадитенизШирокСокак,  а фотографите кои ја доловија ноќната атмосфера, ја опишаа со зборовите „Битола како Виена“.  Активностите се насочени кон поставувањеукраснирефлекторинаповеќефасадипоШирокСокаккадештопостојаттехничкиусловизатоа.ОваќепридонесезаразубавувањенанајпознататаулицавоБитола,аистотакаќејапотенцираавтентичностанабитолскатаархитектура.

Паралелно, дел од механизацијата и работните групи на јавните претпријатија „Комуналец“, „Водовод“ и „Нискоградба“, натеренспроведоаакцијазачистењенадивидепониикајместотоГерманскигробиштаивоблизинанаСтадионот „Петар Милошевски“.

Екипите на КЈП „Нискоградба“, работат на реконструкција на канализационата мрежа во Горно Оризари, каде што ЈП „Водовод“, работи на водоводна мрежа, а дополнително, ова претпријатие работи и на изведба на водоводна мрежа во должина од 535,6 метри и на потегот Трново – Магарево, со цел инвестиција во подобро водоснабдување во потпелистерието.

Јавното претпријатие „Паркинзи“, продолжува со бележење на сообраќајниците, а деновиве се бележеа улиците во централното градско подрачје.

Со ваква динамика, јавните препријатија продолжуваат да работат и следните денови, со цел подобрување на условите на повеќе локации во општината.

6

21

19

29

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани