АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 17.04.2024 во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Широк Сокак” во Битола, З.Л.(63) од балконот на неговиот дом од воздушна пушка пукал кон куче скитник. За настанот бил запознаен јавен обвинител, а по преземени мерки, полициски службеници од СВР Битола од З.Л. одзеле воздушна пушка. По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.