2win800x200

НОВО!!!Старицата од „Стара Болница“ сместена во дом, ѓубрето остана во станот

Април 18, 2024

Старицата од комплексот „Стара Болница“ во Битола која пред две недели ја потисна насобраното со години ѓубре во станот, прифатила да биде сместена во старски дом, потврдуваа од Центарот за социјални работи од Битола за Апла.мк. За жал се уште нема решение за насобраното ѓубре во нејзиниот дом кое со години наназад старицата го складирала. Ѓубрето останува заклучено во станот, потребно е системско решение да се реши проблемот  до крај. 

Старицата која е на 80 годишна возраст со иницијали А М. Т не е корисник на социјални услуги, туку била корисник на пензија, но по инцидентот од 5 април, Центарот за социјални работи од Битола интервенираше со свој стручен тим и од чисто хумани причини се обиде да го овозможи најдобриот начин за да ја згрижи старицата во установа каде ќе ги има сите услови за живот и лекарски надзор.

„Нашата сограѓанка не е корисник на социјални услуги, меѓутоа по инцидентот во нејзиниот стан од почетокот на април,  таа даде изјава дека сака да биде сместена во старечки дом во Битола, каде ќе ги има сите услови за живот.  Центарот за социјални работи од Битола во овој случај постапи од чисто хумани причини, максимално се вложи во овој случај со високо стручен тим и ја испочитува до крај волја на нашата сограѓанка“, изјави Лидија  Ѓошевска, директор на Центарот за социјални работи во Битола.

Старицата била во добра психичка состојба, а и биле извршени и лекарски прегледи и контроли.

Но, станари од кулата во „Стара Болница“ се длабоко загрижени за состојбата во која останува станот на старицата, затрупан во отпад од подот до плафонот. Станарите  се жалат дека реата која се шири од станот е неподнослива, особено навечер кога прозорците мора да ги затворат, па бараат системско решение на проблемот и начин како се исчисти станот.

„Околу  чистењето на станот имаме неофицијални информации дека старицата не дозволува никој да влезе во нејзиниот дом. Испративме циркуларно писмо до општината, полицијата и други институции и бараме законско решение како ѓубрето да се отстрани од станот за да можеме нормално да функционираме. Загрозено е нашето колективно домување“, велат засегнати станари.

За тоа како е фактичката состојба во која се наоѓа станот на старицата јасно сведочи и фотографијата објавена на Апла.мк. За насобраното ѓубре и опасноста од ширење на инсекти, загриженост искажаа и од противпожарната единица во Битола која ја извлече старицата поплатена од ѓубрето.   Командирот на ТПП Горан Димковски, уште тогаш предупреди дека институциите треба што поскоро да ја решат ситуација додека не дошло до не дај боже пожар.

Анета Блажевска   

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани