АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Жителите на Општина Новаци за денеска во 10 часот до 12 часот повторно најавуваат протест и блокада во село Новаци, на патот кон води од Битола низ селото кон термоцентралата РЕК Битола. Револтот на мештаните е голем по сообраќајката во која загина нивни сограѓанин на 71 годишина возраст, тракторист при судир со камин кој носел јаглен за РЕК Битола.
Трактористот по два дена хоспитализација почина во Битолската клиничка болница.
Жителите на Новаци најавуваат дека протестите ќе ги интензивираат се додека не се реши проблемот. Да се постави соодветна сигнализација на патот кон РЕК Битола, камионите што носат јаглен да возат поспоро во населеното место.
Жителите на Новаци на протест изглегоа и минатата недела.
На социјалната мрежа Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, пишува дека – Понеделник 27-ми мај од 10 часот се случува уште еден таков протест! Жителите на Новаци ја имаат мојата поддршка!
А, за криминалот во ЕЛЕМ и РЕК Битола веднаш по формирањето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе започнат соодветни постапки за расчистување!