АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Успесите на нашите ученици се најголемата награда за нашиот труд како наставници, рече директорката на ООУ „Коле Канински“ Битола Дијана Толевска Христовска на свечената академија по повод прославата 80 години од отворањето на ООУ „Коле Канински“ Битола.
-Денес кога одбележуваме 80 години од успешното постоењето на нашето училиште е момент да се потсетиме на минатото, да ја поздравиме сегашноста и да се инспирираме за иднината. Нашето училиште не е само зграда, туку жива заедница која расте, и се развива благодарение на трудот и посветноста на сите нас. Со гордост можеме да кажеме дека нашето училиште има долга и богата историја, исполнета со многу успеси и достигнувања. Во овие години нашето училиште се соочуваше со многу предизвици, но секогаш ги надминуваваме и од тоа излегувавме посилни и помотивирани кон нашите цели, рече директорката Толевска Христовска.
Во свечената сала на Офицерскиот дом во Битола присуствуваше и синот на Коле Канински, Стево Канински со својата фамилија, кој горд што училиштето ги негува спомените за неговиот татко рече дека ООУ „Коле Канински“ отсекогаш било и изрази надеж дека така ќе напраедува и во иднина.
Свое обраќање имаше и градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски.
-Образоваието е најважниот процес во развојот на едно дете, да ги задржиме нашите деца овде со нас, зашто иднината без младите без нашите деца е ништо. Имаме прекрасен град, и кога сите би ставиле по едно камче на тој мозаик би биле среќни во овој град. Благодарам и чест ми е што денес сум со вас, што славиме за едно училиште кое е реновирано, со одлично спортско игралиште, и убаво е кога сите правиме добро за нашите деца, за заедничката иднина“, рече меѓу другото градоначалникот Тони Коњановски во своето обраќање.
По повод јубилејот благодарници добија најуспешните и наградувани ученици, наставници, донатори и родители кои помагаат во училиштето.
А.Блажевска