2win800x200

На предлог на познатиот гинеколог д-р Вангелов ќе се интонира химната во основните и средните училишта во Битола, секој понеделник

Мај 22, 2024

Советот на Општина Битола го прифати предлогот на советникот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, познатиот битолски гинеколог  Михајло Вангелов  во битолските основни и средни училишта задолжително секој понеделник наставата да започнува со интонирање на химната на Република Македонија.

 

-Предлагам, предлог одлука за утврдување на обврската во сите основни и средни училишта во Општина Битола за задолжително интонирање на химната на Република Македонија, секој понеделник за почеток на работната недела. Со оваа точка или  иницијатива децата ќе изразат искрена почит кон татковината се со една цел да го подигнеме националното чувство и љубовта на децата кон својата земја Република Македонија, но, и ќе ги охрабриме да учат за македонската култура и традиција. И втор предлог одлука з аинтонирање на химната на Република Македонија пред почетокот на секоја седница“,  -рече на денешната седница на Битолскиот Совет, Михајло Вангелов од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

За предлогот на советникот Вангелов гласаа речиси сите советници, еден советник на СДСМ се иззема од гласањето,а против беше советничката на ДУИ. 

Во однос на втората точка и во Советот на Општина Битола  задолжително да се интонира химната на Република Македонија, пред почетокот на седниците поддршка дадоа 30 советници, а против беше само советничката на ДУИ Мерита Исмаили. 

А.Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани