АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 23 мај битолската публика имаше можност да ги слушне прекрасните изведби на учениците од Државното музичко училиште од нашиот град на двата Годишни концерти во Народниот театар и Офицерскиот дом. Прозвучија композиции од повеќе епохи на класичната музика, почнувајќи од Ј. С. Бах, преку В.А. Моцарт, па се до Шопен, Рахманинов, Дебиси, Белошитски, Ковач и др. Застапени беа сите оддели од Државното музичко училиште и тоа дувачки, гудачки и одделот по пијано, а настапија и хоровите од основното и средното училиште.