АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Нови услови за работа се овозможија со реконструцијата на одделот за Гинекологија и акушерството во Битолската клиничка болница со последната донација на најсовремени апарати и медицинска опрема. Обновени се болнички соби, работна соба на медицинските сестри, нов инвентар.
-Целиот оддел за гинекологија и акушерство е комплетно реконструиран и ревитализиран. Се потрудивме да создадеме подобри услови за родилките и нивните бебиња. При реконструкцијата на одделот беше извршена комплетна инфраструктурна реконструкција на водоводната мрежа и електричната инсталација, која не била променета повеќе од десет години. Се изврши замена на поголемиот дел од опрема што се користеше со апарати кои го олеснуваат секојдневното функционирање на одделот, вработените и пациентите. При реконструкцијата се направи еден холистички пристап и комплетно реновирање кое вклучува: родилни столови, гинеколошки столови, светла за преглед, повеќе нови инкубатори ЦТГ апарати, монитори, 2 вакуум аспиратори итн. Инсталирана е топлотна пумпа од марка ЛГ, а комплетно се реновирани две купатила со три санитарни јазли, и тоа преку донатори од Шведска кои во повеќе наврати донирале во Битолската болница- изјави директорката на Клиничката болница Битола д-р Елизабета Ивановска.