2win800x200

Големо аеро загадување од импровизиран оџак кај поранешниот млин „Жито Битола“ - револт кај битолчани

Јуни 20, 2024

Голем револт предизвикува аеро загадувањето со крупна прашина што излегува од импровизиран оџак од објект на поранешниот млин „Жито Битола“ во Битола, реагираат граѓани од улицата „Македонска фаланга“. 

Од оџакот најверојатно излегува прашина од третман на пченицата или веење на житото, па крупни честички се расфрлаат низ воздухот што може да се види и на  фотографијата што ни ја испратија граѓани од насобраниот прав на нивните автомобили.

кола

Граѓаните бараат итна постапка на сите надлежни институции, а случајот велат  го пријавиле и во полиција и во општинските инспекции.

Од Општина Битола за Апла. мк  велат дека ја добиле пријавата од загрижени граѓани и заедно со полицијата  ќе излезат на терен.

Жители од тој дел на градот ни изјавија дека, ако не се реши проблемот ќе го блокираат влезот на камионите со жито до млинот во екот на жетвата. 

А.Б  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани