2win800x200

Битолчани ги ладат дворовите, за зградите нема притисок, останаа без вода

Јули 07, 2024
фото интернет архива фото интернет архива

Вечерава голем дел од зградите во Битола, со повеќе катови останаа без вода или едвај линеат чешмите бидејќи е намален притисокот поради енормна потрошувачка на вода.

Без вода на погорните катови се зградите кај Стара Болница и во комплексот кај улицата „Нико Фундали“. Директорот на ЈКП Водовод, Андреј Гинов,  за АПЛА поврдува дека нема прекин на водоснабдувањето но има енормна потрошувачка на вода, што најверојатно се должи на вадење и разладување на дворовите по куќите, поради високите дневни и вечерни температури. Гинов апелира до битолчани дека водата мора да се троши рационално.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани