АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Македонија повторно има горд репрезент на Олимписките игри. Покрај нашите шест спортисти, неколку судии ја делат правдата во Париз. Анета Павловска ја продолжи својата бајка како тениски судија и ја делеше правдата како линиски судија на женското финале меѓу Женг и Векиќ, објави gol.mk
Павловска мина повеќе од еден час на „Филип Шатрие“ и ја продлабочи својата олимписка приказна. Имено, Павловска судеше во машкото финале во Токио, а сега беше дел од женскиот меч за златен медал.
Во нејзината биографија стои дека судела на финалето на Ролан Гарос 2023, во кое играа Новак Ѓоковиќ и Каспер Руд, но и двете машки полуфиналиња на Вимблдон 2023 година.
Фото-Анета Павловска-Гол.мк
Автор Зоран Мишевски
Целиот текст на gol.mk