2win800x200

Министерството за образование ги врати ингеренциите на Општина Битола и градоначалникот Коњановски

Август 05, 2024

Министерството за образование и наука, заради непречено одвивање на воспитно образовниот процес и работите во областа на образованието како и успешно започнување на учебната 2024-2025 година, постапувајќи во рамките на своите надлежности, по барање на градоначалникот на општина Битола, а со цел да се овозможи непречено и законито вршење на работите од областа на средното и основното образование, ги укина Решенијата за одземање на вршење на работи од надлежност на Градоначалникот на општина Битола .

Tогашниот Министер Јетон Шаќири ги одзеде надлежностите на Градоначалникот на Општина Битола, за именување и разрешување на директори на основното општинско училиште ,, Александар Турунџев,, с.Кукуречани, на средното општинско техничко училиште ,,Ѓорѓи Наумов,, Битола и на основното општинско училиште ,,Св.Климент Охридски,, Битола.

Ингеренциите на градоначалникот беа одземени од страна на поранешната централна власт само во делот на ангажирање на наставен кадар, именување и разрешување  на вд директори, додека материјалните трошоци за  гориво, превоз на ученици и друго за кои општината годишно само за основните училишта издвојува околу еден милион евра, не беа  во интерес на  поранешниот министер за образование и истите остануваат во надлежност на општината и во училиштата каде се одземаа ингеренциите.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани