2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Оштетени камерите што откриваат пожари во Националниот парк Пелистер

Септември 03, 2024

Оштетени се двете камери поставени на местото “Превалец“ од каде Националниот парк “Пелистер“ Битола врши мониторинг на позиции од Баба Планина за навремено откривање и превенција на пожари. Непознатите сторители не ја зеле опремата, но со оштетување  ги ставиле надвор од функција камерите за да не снимаат. Камерите се поставени на столбови од 4 метри висина, на една стратешка позиција во шумата, на местото „Превалец“ од каде се гледаат многу позиции што се во заштитената зона. Сомневањата се дека опремата не е случајно оштетена, можеби се работи за дрвокрадци пред почетокот на грејната сезона.  

Камерите се поставени пред две години како донација од прекуграничниот проект со република Грција и Воена Академија „Михајло Апостолски“ со намера да вршат надзор на заштитеното со закон подрачје,  и се  вмрежени со Министерството за одбрана.

„На локација ‘Превалец’ на многу стратешко место, од каде се набљудува скоро цел Пелистер поставени се два камери кои што служат за набљудување и рана детекција на пожари, но при редовна контрола на ренџерот, викендов, откриено е дека дел од опремата е оштетена. Кутиите се оштетени а камерите се дисконектирани“, вели Зоран Пројчевски, шумарски инженер.

Позицијата каде се поставени камерите е на надморска височина од 1100 метри, на земјиште на „Национални шуми“ и имаат увид на потпелистерките села Ротино, Цапари, Братиндол, Кажани, Нижеполе до Црвени Петли...

Шумарскиот инженер Пројчевски вели дека „Превалец“ е видиковец од каде се набљудува цел национален парк, оти пожарите во најголем број на случаи почнуваат од населените места и земјоделските површини со палење на стрништа и отпад, па се движат нагоре кон планината.

Случајот е пријавен во СВР Битола, а инспектори биле на терен со цел да се констатира штетата. Од Националниот парк се загрижени и велат дека функционирањето на камерите е повеќе од потребно за заштита на паркот не само од опожарување ами и од дива сеча.  

„Постапивме и случајот го пријавивме во полиција со цел да се откријат сторителите и ќе поднесеме кривична пријава против непознат сторител. Не сакаме да ни се случи тоа што се случи во другите национални паркови во државата и во соседството. Опремата е наша, набавена преку европски проектот и е многу значајна за заштита од пожари на Националниот парк Пелистер. Со опремата досега успеавме да ги надминеме сите помали пожари кои се појавија ова лето и за тоа сме посебно горди како екипа во НП Пелистер“, вели директорот на НП “Пелистер“, Малиќ Шемшедини.

Анета Блажевска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани