АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
После 38 случаи на повредени пешаци, граѓански организации од Битола ја започнаа кампањата„ СТОП сакам да поминам“ со цел поставување на семафор за пешаци на улицата „Васко Карангелевски“ во Битола во делот кој води кон ОУ „ Елпида Караманди“ , Домот за донечиња и мали деца и до Ценатрот за лица со попреченост.
Настанот ќе се одржи утре симболично пет минути до 12 часот, со цел да им се даде до знаење на надлежените дека оваа локација, но и многу други низ градот се ризично место за поминување на пешаци, особено ученици. Како други ризични точки за кои исто така ќе се бара семафори се пешачките премини кај хотелот Епинал, кај Стаклената зграда, на улицата „Партизанска“ кај зградата Аурум.
-Регионалното географско друштво „Геосфера-Битола“ во соработка со Републичкиот и Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, како и граѓанските здруженија „Граѓанска асоцијација“, „Емануил+“, „Ретки и различни“ и „Дел од сите“, во рамките на Европската недела на мобилност, на 19.09.2018 год. на пешачкиот премин кај Педагошка, со почеток во 11.55 часот, започнуваат кампања за зголемена безбедност на пешаците во сообраќајот „СТОП-сакам да поминам“ и ќе иницираат до Општина Битола и СВР-Битола поставување на семафори на повик на пешачкиот премин меѓу постојните кај Педагошка. Воедно на настанот ќе бидат презентирани и резултатите од направената анкета од страна на „Геосфера“ за безбедноста на пешаците во сообраќајот во град Битола врз 770 испитаници. Се надеваме дека Вашето присуство ќе допринесе за поголем публицитет и крајно решавање на долгогодишниот проблем на преминување на ул. „Васко Карангелески“,стои во повикот од граѓанските здруженија.