
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски не е во Македонија, објави порталот https://mkd.mk/ Според медиумот од утрово во тек е голема полициска акција во која досега се приведени повеќе лица за криминал со јавните набавки за РЕК Битола, ТЕЦ Неготино и ТЕЦ Осломеј, но не и поранешниот директор на ЕСМ Ковачевски. Тој од октомври е надвор од државата. Кај дел од приведените најдени се повеќе од 130 илјади евра во кеш.
Официјално, осомничените се гонат за кривичните дела злосторничко здружување и злоупотреби на службената должност со што се стекнале со противправна корист.
Во акцијата осомничени се вкупно 29 физички и 4 правни лица од Велес, Неготино, Битола, Кичево и од Скопје. Меѓу осомничените се и Васко Стефанов, исто така поранешен директор на ЕСМ, Пеце Матевски, поранешен директор на РЕК Битола, комерцијалниот директор на ЕСМ, Адријан Муча, Данчо Стојановски од Велес, кој бил комерцијален директор на ЕСМ пред Муча, Маја Јорданова од Велес, во својство на носител на договор за адитиви…