2win800x200

Венко Филипче вели ВМРО да каже како избегал Васко Ковачевски од државата

Март 07, 2025

-Васко Ковачевски како избегал во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, тоа треба ВМРО-ДПМНЕ да кажи. Да го вратат и ако направил криминал да одговара, како што треба да одговара   и секој друг кој што направил некаков криминал“, вака одговори претседателот на СДСМ Венко Филипче на прашањето на водителот на „Само Интервју“ на Канал 5 за бегалецот Васко Ковачевски, поранешен висок функционер на СДСМ и генерален директор на АД ЕСМ и РЕК „Битола“. 

Филипче беше запрашан  и дали Васко Ковачевски на ваков начин што бега од правдата не ги „потврдува“ сомнежите за криминал и злоупотреби  во државната компанија. 

Одговарајќи, Филипче вели - „Ние остро ќе се спротивставиме само ако констратираме дека има политички прогон кон некои наши членови. Затоа будно ги пратиме со наш правен адвокатски тим, сите тие процеси во кои што се опфатени, луѓе кои се членови... Јас верувам во професионалното судство...“, рече Филипче синоќа во интервјуто. 

 

Инаку за потсетување, бегалецот екс премиерот Никола Груевски избега од државата во време на владеење на СДСМ и Зоран Заев, во 2018 година.    

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани