
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Фудбалските клубови "Баир" и "Атлетико" од Битола направија хуман гест со цел да ги поттикнат младите да се занимаваат со спорт и да не подлегнуваат на современите пороци. Членовите на овие два фудбалски клува направија спортска сала во месната заедница "Тодор Ангелевски". Велат дека направениот клуб е одлично опремен со спортски реквизити и дека е пред се наменет за младите кои гравитираат околу ООУ "Тодор Ангелевски". - Клубот е отворен за сите млади во овој дел на градот кои што имаат учено во ООУ "Тодор Ангелевски" се со една цел младата популација да се оттргне од несакани пороци и да се насочи кон спортот. Покрај фудбалскиот клуб имаме свои простории и теретана со едни од најдобрите и најновите справи, а користењето на спортската сала ќе биде бесплатно, велат иницијаторите. Опремувањето на салата е помогнато од Општина Битола и градоначалникот Тони Коњановски.