
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Традиционално во Офицерскиот дом во Битола со леб и сол беа пречекани гостите на прославата на Националниот ден на Бугарија во организација на Генералниот конзулат на Бугарија во Битола, објави БТА.
(Генерален конзул Николај Димитров -фото БТА) Како што се гледа од фотографиите на прославата беа истакнати македонското, бугарското знаме и знамето на ЕУ
БТА пренесува - „На 3 март Бугарите ширум светот го слават возобновувањето на бугарската државност. За нашиот народ овој датум е симбол на надеж, преродба и нов почеток за нашата земја. Ова е денот на кој секоја година им оддаваме заслужена почит на хероите кои ги посветија своите животи на слободата на Бугарија и нејзиното духовно и политичко издигнување. Дваесеттиот век беше исполнет со предизвици и перипетии во судбината на нашиот народ. „Денес Бугарија е слободна и оваа слобода не обврзува да го продолжиме аманетот на нашиот најголем народен херој Васил Левски за „чиста и света република“ - република заснована на демократски принципи, владеење на правото и еднакви права и можности за сите“, рече во својот говор генералниот конзул на Бугарија во Битола, Николај Димитров, објави https://www.bta.bg/
Димитров им се заблагодари на присутните градоначалници, претставници на бугарската амбасада во Република Северна Македонија, претставници на дипломатскиот кор - генерални и почесни конзули во Република Северна Македонија, претставници на верските конфесии во земјата, на академската заедница, бизнис организации и здруженија на Бугарите.
Вечерта заврши со настап на Ансамблот на бугарската армија.
фото БТА
фото БТА