2win800x200

Креативните ликовни работилници на „Sip & Paint Bitola“ се хит во Битола

Март 11, 2025

Креативните работилници на „Sip & Paint Bitola“ веќе се  хит во Битола. Исклучително позитивни се коментарите на учесниците во работилниците на кои во една релаксирана атмосфера се изработуваат ликовни дела, се пие вино, се разговара и се социјализира. Работилниците кои се организираат почесто се објавени на Facebook  и Instragram Sip & Paint Bitola.

 маса 800x369

 

веррррааааааа 800x369

цела

Ваква работилница се одржа во неделата, на 9 Март во хотел „Епинал“ во Битола, по повод Меѓународниот ден на жената, а учесници беа близу триесеттина битолчанки од сите возрасти. Учесничките твореа на тема, жена, цвеќе, инспирации од Ван Гог и се она што го одбележува празникот на жената.

 ој

Работилниците се идеја на Вера Стамболџиовска, повратник од Австралија, творец и сопственик на „Sip & Paint Bitola“, под ликовната палка на ликовниот уметник Бојана Артиновска. 

ан1 480x600  

Во Битола, од минатата година досега, се организирале поголем број на работилници со над 150 учесници, а позитивните впечатоци се прераскажуваат. За работилниците на „Sip & Paint Bitola“ сега се бара место повеќе.

 вера

„Идејата и концептот на овие работилници е учесниците да цртаат, да се релаксираат во една прекрасна атмосфера, во разговор и со нови познанства. Секоја работилница е иновативна, на нова локација и со изменет концепт за што соработуваме со локални бизниси. Учесниците ги анимираме на социјалните мрежи, а со реализација на идејата започнавме лани во октомври“, вели Вера Стамболџиовска, која по професија е магистер по човечки ресурси. Идејата за работилниците е преземена од искуство од западните земји.

„Битола е град на културата, тукa има традиција да се негува ликовната уметност, но сега на еден поинаков начин на творење. Нашите работилници се на три нивоа, со учесници од различни категории, за роденденски и други специјални прослави и бизнис работилници организирани за вработени во помали и поголеми претпријатија во Битола за кои имаме  реализирано работилница за овие настани за родендени, тим билдинг  со компании“, наведува Стамболџиовска.

 јад

За учество на работилниците не е потребно претходно искуство во делот на ликовните вештини, туку можат да земат учество сите оние заинтересирани, полнолетни граѓани, без разлика на пол и возраст, кои сакаат да уживаат во изработката на ликовен цртеж, да се дружат и да уживаат во уникатноста на оваа работилници. 

 бо 800x369

 

Бојана Артиновска е дипломиран ликовен уметник на Ликовната академија во Скопје, на отсекот сликарство .Таа им помага на учесниците околу создавањето на ликовните дела. „Ги водам учесниците на работилницата низ целиот ликовен процес, од поставувањето на цртежот, потоа помагам околу изведувањето на сликарскиот дел, во техника акрилик на платно.
Ме радува што на работилницата се работи со голема концентрација, со позитивно чувство, се вложува во изработката на делата и учесниците прифаќаат да бидат водени низ тој процес. Учесниците си ги земаат сликите дома, за спомен од прекрасно поминати моменти на работилницата“, вели ликовниот уметник Бојана Артиновска.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани