
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Предлог точка број еден на денешната седница на Советот на Општина Битола беше - „Советот да донесе заклучок до Владата на Република Макадонија со кој бара измена на локацијата за регонална депонија“. Советниците гласаа едногласно за предлогот иако јавноста не слушна која е таа друга локација.
-Битолчани категорично кажаа „НЕ“ за изградба на депонија во близина на Битола. Затоа денес ќе Ве замолам да донесиме еден заклучок до Влада на Република Македонија со кој ќе бараме измена на локацијата за изградба на депонија, а воедно ќе ги повикам и пратениците од Битола да го слушнат револтот на битолчани и веднаш да реагираат, рече денес Иван Чулакоски на седницата на Совет.
По ова Советот едногласно го прифати и заклучокот.
Бурни реакции во јавноста предизвика веста од седницата на Совет на Општина Битола од 28 февруари кога Советот на Општина Битола едногласно донесе одлука за утврдување на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу 18 општините југозападниот регион како и едногласно носењето на одлука за формирање на заедничка комисија за основање на зедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад меѓу 18 општини- Новаци, Битола, Прилеп, Крушево, Долнени, Могила, Кривогаштани, Битола, Демир Хисар, Ресен, Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Пласница, Центар Жупа, Вевчани, Дебарца и Македонски Брод.