
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Преспанско - пелагониската епархија со митрополитот Петар, во пресрет на големиот христијански празник "Велигден" заедно со приватни стопанственици и поединци, наши сограѓани организираат традиционален ручек за "Цветници" на 13 април (недела), за сите верници кои ќе присуствуваат на светата богослужба во соборниот храм "Св. Димитриј" во Битола. Празничната трпеза ќе ја благослови неговото високопреосвештенство господин Петар.