2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Автобуси од ЈСП Скопје на припомош во Битола

Октомври 09, 2018
Во Општина Битола на припомош за превоз на учениците и другите граѓани  стигнаа три автобуси од ЈСП Скопје  кои ќе имаат обврска  да ги однесат учениците  до школо и други лица со потребната дестинација доколку се случи ситуација како вчерашната кога протестираа и не возеа превозниците од Битола. 
 
Денес трите скопски автобуси биле на дестинациите и постојките од каде што се качуваат децата во случај да  останат учениците беа превоз. Но, за разлика од вчера, битолските превозни компании денес возеа и ги пренесоа учениците и другите граѓани до потребните дестинации. 
 
,,Благодарение на добрата соработка со град Скопје од вчера добивме автобуси од ЈСП Скопје со што во возниот парк во Општина Битола имаме зголемен капацитет. Ќе бидат наменети за потребите на граѓаните на општината онака како што ќе наложуваат околностите", рече Петровска. 
 
Автобусите им се оставени на времено користење од шест месеци. 
 
,,Ќе се користат по потреба не само за ученици.Општината понекогаш има потреба да превезува ученици до излетнички места. Имаме граѓани пензионери кои имаат свои потреби за превоз до некоја дестинација во општината. Ќе бидат превозни средства што ќе се користат за граѓаните", рече Петровска. 
 
Градоначалничката  најави дека и сите возила од општинскиот возен парк кои долго време се паркирани во дворот на Општината ќе користат во насокана подобрување на услугите на граѓаните. 
 
Бесплатниот школски превоз со години наназад предизвикуваше големи долгови од училиштата кон превозниците, од кои дел се' уште не се платени. Превозот се одвиваше по различни тарифи за патниците во линискиот превоз и за учениците. Со законски измени учениците сега можат да ги користат редовните автобуски линии и да се возат по цена како другите патници. Вчера требаше тарифникот да биде изменет, но превозниците излегоа на протести со образложение дека не им се исплатливи новите цени. Донесувањето на тарифникот беше одложено, а градоначалничката рече дека останува отворена за разговори со цел изнаоѓање на разумни цени, но останува и непопустлива во ставот дека нема да дозволи високи цени кои ќе бидат на штета на училиштата. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани