
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Изминатиот викенд, љубителите на спортот имаа можност да бидат дел од две возбудливи случувања, „Pelister Downhill Cup“ во рамките на НП „Пелистер“ на Баба Планина, прикажувајќи се натпреварувачки не само на национално туку и на регионално ниво и трката „Че Трчаме“ во Прилеп. Двата настани собраа голем број учесници и публика, создавајќи атмосфера полна со адреналин, енергија и спортски дух.
Europe House Bitola со задоволство ги поддржа двата настани, поттикнувајќи ја младата и повозрасната публика да се движи, да се дружи и да ужива во спортот. Токму преку вакви иницијативи ја негуваме идејата дека спортот не е само натпревар, туку и заедништво, дружење и начин да ја почувствуваме убавината на нашите градови и природа.