2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Копаничарите Крстевски од Битола изработија певница за црква во Виена

Октомври 28, 2018

Певница во длабок дрворез, вистинско уметничко дело, изработија познатите битолски копаничари од Ателје „Маке Битола“ за црквата „Св. Наум Охридски“ во Виена, Австрија. Резбаниот дел е работен пет месеци од страна на м-р протомајстор Јане Крстески, а зографскот три месеци од страна на м-р зограф Ленче Крстеска. Певницата е напревена по специјална нарачка и веќе е дел од резбаниот црковен мебел во „Св.Наум Охридски“ во Виена.

 

„Таа е една од најдекоративните симболички рачно изрезбано уметнички и канонски певници, ергономски изработена. Нејзината улога канонски ѝ припаѓа на наосот во црквата пред олтарот. Се работи за голема певница, која се состои од челен, два странични и еден заден дел. Челниот дел е украсен со декоративни орнаменти во рамките од трите икони со живописна флора и фауна. Тука се зографисани трите икони на светите Богородица со Исус Христос, Климент и Наум, патронот на црквата. Над иконите има длабока резба, во центарот е изрезбарено и шеснаесетзрачното сонце, а од страните се орнаменти на богатството желади“, велат копаничарите.

Над челниот дел, на врвот поставена е ажурно резбана плоча со позлатен крст во центарот, а од страните изобилни резби со растително цветни мотиви.

Странично певницата содржи по една зографисана икона на певци светци во резбани рамки со винова лоза. Од едната страна е Св. Јован Кукузел, а од другата Св. Роман Мелод. Задниот дел е отворен и содржи полици за книги. Ова е уште едно од врвните копаничарки дела на семејството Крстевски.44833084 2260275267525299 7540087324630056960 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани