АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
30 годишен битолчанец со иницијали А.С. е осмничен дека преку социјалните мрежи им се заканувал на пратеници во Собранието на РМ. Полицијата ќе му поднесе кривична пријава поради споделена објава на ФБ со која предизвикал загрозување на сигурноста на пратениците и поради ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.
Од МВР информираат дека битолчанецот бил повикан на разговор во полициска станица, каде рекол дека објавата ја направил преку неговиот мобилен телефон.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите за санкационирање на ваквите случаи, велат од полицијата.
Досега се поднесени кривични пријави против четири лица кои се под сомение дека преку социјланите мрежи им се заканувале на пратениците кои гласаа за уставните измени предвидени со Преспанскиот договор. Исто така, полицијата поднесе и една кривична пријава против новинар кој со објави на ФБ предизвикал загрозување на безбедноста на премиерот Зоран Заев.
МВР ги повикува сите граѓани кои се изложени или сведочат на вакви закани да пријават во полиција