2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Советничката група на СДСМ поднесе кривични пријави за директори на училишта, градоначалникот Коњановски и членови на општинска комисија

Септември 19, 2023

Советничката група на СДСМ  поднесе кривични пријави против   директори на училишта, градоначалникот Коњановски и членови на општинска комисија 

 

Антоанела Стојаноска, претставник од Државен просветен инспекторат и претседател на Комисијата за трансформација на работен однос при Општина Битола за кривично дело “Несовесно работење во службата“, по чл.353-в, ст.1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија, Тони Чавдаровски – претставник од СОНК во Комисијата за трансформација на работен однос при Општина Битола за кривично дело “Несовесно работење во службата“, по чл.353-в, ст.1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија, Наташа Ташкова Поповска – претставник од Општина Битола во Комисијата за трансформација на работен однос при Општина Битола за кривично дело “Несовесно работење во службата“, по чл.353-в, ст.1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија,

„Имено, согласно чл.66 од Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средни училишта, горенаведената Комисија за трансформација на работниот однос при општините само ги прегледува документите доставени до неа од директорите на училиштата и по констатацијата дека документите се целосни и конкретниот кандидат ги исполнува со закон дадените услови за трансформација на работниот однос, треба да изготви извештај кој го доставува до Министерството за образование и наука. Самиот документ - извештај неспорно укажува дека Комисијата нема надлежност за донесување на одлука (зошто во спротивно ќе и беше дадена надлежност да носи управен акт - решение, одлука, заклучок), а спротивно на тоа, Комисијата составена од погоренаведените членови донесува одлука во конкретните случаи. За оние наставници и стручни соработници на кои после прегледот на документите ќе констатира дека не ги исполнуваат законските услови за трансформација, со известување само ги враќа документите до директорите на училиштата, со образложение кој од бараните законски услови конкретниот кандидат не ги исполнува.              

Понатаму, Комисијата била должна согласно законските одредби, тогаш кога го примила барањето за трансформација, веднаш да се состане во полн состав и да ја исполни својата законска обврска во најкраток можен рок, сѐ со цел да не се доведат во ситуација на нефункционалност институциите. Во конкретниот случај, Комисијата тоа не го сторила, на начин што еден од членовите од истата на секој одржан состанок отсуствувал, по што не можело да се донесе одлука и морале да се состанат уште неколку пати, а се тоа на штета на наставниците коишто имале уредно и во рамките на законот поднесено барања за трансформација на работен однос од определено во неопределено работно време.

Имајќи ја предвид сензибилноста на прашањето за кое Комисијата и е предвидена со закон – трансформација на работен однос, поточно право од работен однос, не случајно законодавецот утврдил дека претстваникот од Државниот просветен инспекторат, не само што е член на оваа Комисија, туку и нејзин Претседател. Ова со единствена цел, Државниот просветен инспекторат да гарантира законитост, навременост, ефикасност и ефективност во работата на Комисиите за трансформација на работниот однос, а тоа воопшто не е случај во конкретната ситуација.

Во чл.67 од Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средни училишта, инспекцискиот надзор над спроведувањето на одредбите на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон, го врши Државниот просветен инспекторат и овластените општински инспектори, поради што за нас е неприфатливо, непрофесионално, токму членовите од Државниот просветен инспекторат во Комисиите за трансформација на работниот однос да ја кочат и опструираат нејзината работа со незакажување на седници или да дозволат селективност во постапувањата по поднесените барања и дозволат да се изврши трансформација на работниот однос на само дел од наставниците и стручните соработници кои ги исполнуваат со закон предвидените услови за трансформација.

Со горенаведените дејствија неспорно е дека од страна на членовите на Комисијата извршена е повреда на законските прописи за судир на интересите или за совесно постапување при вршењето на дискреционото овластување, односно на друг начин очигледно несовесно е постапено во вршењето на нивните овластувања и должности, а со тоа сторено е кривичното дело,,Несовесно работење во службата”, по чл.353-в, ст.1од Кривичниот законик на РСМ, па затоа предлагаме против горенаведените лица, членови на Комисијата да се поведе кривична постапка.“ пишува во кривичната пријава за  членовите на Комисијата за трансформација на работен однос – Битола         

Предраг Созовски, директор на ООУ Св. Климент Охридски, Битола за кривично дело “Несовесно работење во службата“, по чл.353-в, став 1 и кривично дело “Повреда на правата од работен однос” по член 166 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија, Дијана Толевска Христовска, директор на ООУ Коле Канински, Битола за кривично дело “Несовесно работење во службата“, по чл.353-в, став 1 и кривично дело “Повреда на правата од работен однос” по член 166 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија, Стевче Петровски, директор на ООУ Тодор Ангелевски, Битола за кривично дело “Несовесно работење во службата“, по чл.353-в, став 1 и кривично дело “Повреда на правата од работен однос” по член 166 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија

Наведените лица и покрај тоа што имале можност како одговорни лица, не презеле чекори за заштита на угледот и функционалноста на институциите со кои раководат и дозволиле не само несоодветно одвивање на воспитно – образовниот процес, туку и го повредиле правото од работен однос на наставници вработени на определено време. Со горенаведените дејствија неспорно е дека од страна на горенаведените лица извршена е повреда на законските прописи за судир на интересите или за совесно постапување при вршењето на дискреционото овластување, односно очигледно несовесно е постапено во вршењето на нивните овластувања и должности, а со тоа сторено е кривичното дело ,,Несовесно работење во службата”, по чл.353-в, ст.1 од Кривичниот законик на РСМ. Гореспоменатите лица, исто така, свесно не се придржувале кон закон, друг пропис или колективен договор, за засновање или престанок на работниот однос, за платата и надоместоците на платата, работно време, одморот или отсуството, заштитата на жената, младината и инвалидите или за забрана на прекувремената или ноќната работа и со тоа повредиле, одзеле или го ограничиле правото што на работникот му припаѓа, а со тоа е сторено кривично дело “Повреда на правата од работен однос” по член 166 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија„, се наведува во кривичната пријава од советничката група на СДСМ за директорите на овие три училишта. .

 
Никола Јовески, вработен во ООУ Александар Турунџев, с. Кукуречани, Битола за кривично дело “Лажно претставување“, по чл. 391 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија,
 

„ И покрај тоа што решението за избор на Никола Јовески за в.д директор на ОУ Александар Турунџев, село Кукуречани, Битола беше поништено уште на 5 јули 2023 година, Јовески на 22 август 2023 година на седница на Комисијата за јавни дејности при Општина Битола, се претстави како директор на ОУ Александар Турунџев, село Кукуречани, Битола и зборуваше за Извештајот за работа на ОУ Александар Турунџев, село Кукуречани во учебната 2022/2023 година и Годишна програма за работа на ОУ Александар Турунџев, село Кукуречани во учебната 2023/2024 година. Со горенаведените дејствија неспорно е дека од страна на Никола Јовески извршена е повреда на законските прописи од член 391 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија„, пишува во кривичната пријава за Никола Јовески

 
Тони Коњановски, градоначалник на Општина Битола за кривично дело “Несовесно работење во службата“, по чл.353-в, став 1 и кривично дело “Повреда на правата од работен однос” по член 166 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија
 

„Согласно членот 50 од Законот за локална самоуправа, пак, градоначалникот го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон и се делегирани на општината. Трансформацијата на работниот однос на наставниците и стручните соработници е токму една од работите кои се делегирани на општината, но наместо тоа градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски цели две години не успеал да обезбеди навремено, ефикасно и ефективно работење на Комисијата за трансформација на работен однос кој самиот ја формирал. Притоа, ниту во еден момент, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски не презел никакви чекори за доследно и разумно спроведување на законите од оваа област. Со тоа, градоначалникот Тони Коњановски дозволил несовесно работење во службата на лицата кои ги назначил за членови на Комисијата за трансформација и станал соучесник во кривичното дело.

Непреземајќи ги сите мерки и чекори кои му стојат на располагање на градоначалникот со цел да обезбеди навремено, ефикасно и ефективно работење на администрацијата, вклучувајќи ја и Комисијата за трансформација на работен однос, градоначалникот Тони Коњановски дозволил неразумно одолговлекување на постапките за трансформација на работен однос што пред Комисијата ги повеле наставници, со што извршил повреда на одредбите од Кривичниот законик кои се однесуваат на правото за засновање на работен однос, опишани во член 166 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија„, се наведува во кривичната пријава поднесена од советничката група на СДСМ

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани