2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Награда за животно дело за Виолета Томовска

Ноември 01, 2018

Битолчанката, Виолета Томовска, доајен на македонската народна песна е добитник на највисокото општинско признанеие, наградата "4ти Ноември" за животно дело, дознава апла.мк

Одлуката ја донесе денеска Управниот одбор за доделување на наградата за 2018 година.

-Наградата за животно дело за Виолета Томовска беше донесена едногласно со 9 гласа за, изјави за апла.мк Валентин Груевски, претседател УО за наградата.

Едногодишна награда за достигнувања во областа на литературатa добива доцент д-р Александар Литовски, историчар.

За едногодишно достигнување во областа на спортот, Јован Василев, ракометен судија, а за едногодишно достигнување во областа на науката и културата, проф. д-р Иван Додовски.

Наградите на годинешните лауреати ќе им бидат доделени, в недела, на 4-ти Ноември, на свечената седница што ќе се одржи во Народниот театар,  по повод Денот на ослободувањето на Битола.

 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани